Лимузината на Путин го чека саемот во Москва

ОБЈАВЕНО НА:

Автомобилите од проектот „Кортеж“ во рамки на кој се изработуваат коли за руската политичка елита, ќе се најдат пред публиката на саемот кој ќе биде организиран во Москва во текот на август. Според информациите од Русија на ова мото-шоу ќе бидат покажани верзиите на седан и на миниван.

Освен таму автомобилите од проектот „Кортеж“ ќе може да бидат видени и за време на инаугурацијата на новиот претседател на Русија. Подоцна возилата ќе се најдат и во слободна продажба.

За целта на компанијата Sollers и Централниот научно-истражувачки автомобилски и автомоторен институт планира да создаде и специјално претпријатие кое ќе почне да функционира во текот на 2019 година.

Во моментов првите возила од проектот „Кортеж“ веќе се наоѓаат во гаражите на Федералната служба за заштота ФСО. Првите достави од 16 возила, меѓу кои е вклучена и лимузината на владата, на која во мај за време на инаугурацијата во Кремљ ќе пристигне претседателот на Русија, Владимир Путин кој доби нов мандат.

Според планот ќе бидат доставени вкупно 70 автомобили.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK