Купете си McLaren 720S за само 7.440 долари!

ОБЈАВЕНО НА:

Доколку се заљубени во автомобилите на McLaren тогаш знаете дека тоа задоволство ќе ве чини околу 300.000 долари. Сепак, оваа компанија ви нуди несекојдневна можност да ја добиете верзијата McLaren 720S за 7.440 долари.

Се работи за реплика на овој автомобил во размер 1:8, а тоа е најновото издание на луксузниот модел Амалгам, кој веќе има направено реплики и од други дизајни на Мекларен, како што се P1 и Ultimate Vision Gran Turismo.

Амалгам е фирма која е во сопственост на истата Моторспорт мрежа преку која некогаш претседаваше извршниот директор на McLaren, Зак Браун.
Кога ќе се земе предвид фактот дека се работи за реплика можеби делува и многу сума од 7.440 долари.

Сепак, се работи за возило на McLaren, а оваа цена е само почетна. Доколку сакате боја по свој избор и стил на тркала тогаш сумата е 8.640 долари, додека целосно се прилагодат и надворешноста и внатрешноста тогаш сумата се искачува до 9.840 долари.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK