Кризата со Ковид-19 доведе до 3,6 милиони помалку произведени возила во Европа

ОБЈАВЕНО НА:

Асоцијацијата на автомобилски производители во Европа (ACEA) ги актуелизираше податоците за последиците врз производството на нови автомобили за првите шест месеци од 2020 година.

Резултатите на ACEA покажуваат дека во првата половина од годината, во Европа биле произведени 3.649.677 нови автомобили помалку во споредба со истиот период минатата година. Од асоцијацијата велат дека нереализираното производство, лесни и леснотоварни до шест тона е еднакво на 20% од вкупно склопените автомобили во целата 2019 година.

Најголемите штети за автомобилската индустрија во првото полугодие се отчитува на односните европски пазари. Во Германија има пад на производството за 956.090 автомобили, во Шпанија, 693.768, во Франција 381.841, во Велика Британија 311.927, а во Италија 246.710.

Сериозните падови се забележани исто така и во Чешка (-254.657 примероци), Словачка (-184.342), Полска (-138.096), Унгарија (-95.148), Романија (90.023), Шведска (-67.054) и други.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK