Конечно – ВАЗ со автоматски менувач

ОБЈАВЕНО НА:

Дилерот на рускиот бренд ВАЗ во Белгија преку страницата на Facebook распространи информација за новата лимитирана серија на ВАЗ Патриот, која е наречена Edition 1.

Според информациите, првиот автоматски менувач ќе биде монтиран на оваа специјална верзија, Edition 1, која ќе биде со тираж од 300 возила.

Шестстепениот автоматски менувач ќе почне да се монтира и на други модели. Станува збор за класичен хидротрансформаторен автоматик, развиен во 2006 година заедно со General Motors и Punch Powerglide.

Преносите со кои ќе се опремуваат возилата на ВАЗ ќе се испорачуваат од фабриката GM во Кина. Продажбата на Edition 1 се очекува да почне во текот на оваа есен.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK