Компаниите бараат ЕУ да забрани продажба на бензин и дизел мотори

ОБЈАВЕНО НА:

Пратениците во парламентот на Европската унија би требало да го одредат крајниот датум за продажба на нови автомобили со бензин и дизел мотори во Европа најдоцна до 2035 година, а тоа го бараат 27 компании во заедничка жалба.

Потписниците ќе продолжат да собираат поддршка за постепени укинување на СУС мотори (мотори со внатрешно согорување) при ревизија на ЕУ стандардите за CO2 во јуни годинава. При воведувањето на нови норми (Евро 7) ова е очигледно новиот облик на притисок на европското законодавство.

Компаниите потписнички, меѓу кои е IKEA Retail, Sky, Uber, Vattenfall и Volvo Cars, претставуваат широк спектар на индустријата. Велат дека фиксниот датум ќе прати јасен инвестициски сигнал на произведувачите на автомобили, синџирите за снабдување, компаниите кои управуваат со инфраструктурата…

Автомобилите и комби возилата се одговорни за 15% од сите европски емисии на СО2 и најголем поединечен извор (26%) на токсични емисии на азот оксид, кој предизвикуваат хронични болести и предвремена смрт на 54.000 Европјани секоја година, се вели во заедничката изјава.

Неодамнешната анкета покажува дека речиси две третини од жителите во градовите ја поддржуваат забраната за продажба на новите автомобили на бензин и дизел во Европа после 2030 година.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK