Колку мигранти може да собере во Opel Astra?

ОБЈАВЕНО НА:

Со цел што повеќе патници да се превезат до границата со Србија каде потоа илегално преминуваат македонските „превозници“ користат патнички возила и комбиња. Прашањето е колку патници може одеднаш да се превезат? Последниот обид, за жал неуспешен го направил возач од Скопје кој користел Opel Astra.

Тој на регионалниот пат Радовиш – Штип бил сопрен од полицијата за проверка. И полицијата имала што да види. Возилото било полно со мигранти. Тие биле од Дака, Бангладеш кои имале цел да стигнат во Западна Европа.

Полицијата не била изненадена од обидот на скопјанецот туку од бројот на патници. Кога почнало пребројувањето се стигнало до бројот 13! Толку патници имало во Opel Astra. Нема фото документација како патниците биле превезувани, но со оглед на моделот, можеме да претпоставиме дека имало патници и во внатрешноста и во багажникот.

Не е светски рекорд, но навистина голем предизвик.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK