Колку бензин може да се купи со една плата низ Европа?

ОБЈАВЕНО НА:

Интересна статистика направена од страна на riarating, јасно покажува колку литри бензин може да се купи со една плата во земјите низ Европа. Тоа покажува колкав е стандардот за живеење во секоја земја.

Класификацијата е составена на база на официјални податоци за цените на горивата и поконкретно на бензинот А95 и просечната плата во одредена земја. Рејтинот е направен во минатиот месец.

Според рангирањето се покажа дека земја со најголема купувачка способност на бензин е Луксембург. Таму со една плата може да се купат 2900 литри бензин. Следува Норвешка, а потоа се Австрија, Ирска и Велика Британија. Русија е на 16. место, а Украина е последна.

Истражувањата покажуваат дека  најевтините горива се во Казахстан. Потоа следуваат Русија, Белорусија и Бугарија. Најскапиот бензин пак го има Холандија,  а следуваат Норвешка, Данска и Грција.

За потсетување кај нас цените на горивата се определуваат секој понеделник. Во моментов цените се:

Следете не и на:

24AUTO NETWORK