Koja боја беше омилена во 2018 година

ОБЈАВЕНО НА:

Експертите на хемискиот концерн BASF уште еднаш ги одредија најпопуларните бои на автомобилите, кои се движат на патиштата.

Одново најчесто среќаваната боја е белата, а потоа следуваат црната, сивата и сребрената боја.

Според податоците на BASF, близу 80% од автомобилите во светот се во некоја од овие бои. Убедлив лидер е белата боја, а бројките велат ека дури 41% од возилата низ светот се во оваа боја. Секој четврти автомобил во Северна Америка и секој трети во Европа е бел. Во Азиски-тивкоокеанскиот регион таа боја се среќава кај секое второ превозно средство.

Втора боја по популарност во светот е црната со 16%, а трета сивата со 13%. Во Европа сивата е на втората позиција, а се наоѓа пред црната боја со резултат од близу 20%.

Во исто време со најмногу варијанти кај автомобилите е сината, 140, додека кај сивата се 110. Околу 2/3 од превозните средства, продадени во 2018 година имаат дополнителен ефект во металик над бојата.

Резулатите од анализирањето се идентични со тие од 2017 година. Експертите на BASF доаѓаат до заклучок дека колку е помал автомобилите, толку е посилна неговата боја.