Кој вели дека дизелите загадуваат: Volkswagen V8 TDI сo „екстремно ниски емисии за азот оксид“

ОБЈАВЕНО НА:

Со новата генерација на дизел мотори компанијата Volkswagen сака да докаже дека дури и големиот TDI може да биде економичен и чист. Според најголемиот автомобилски производител во Германија моторите се карактеризираат со исклучително ниски емисии на азот оксид и се „многукратно пониски“ од границата на Euro 6 NOx од 80 мг/км.

Touareg V8 TDI со моќност од 421 КС е еден од моделите, чии системи за контрола на емисиите филтрираат азот оксид до тоа ново ниво што се емитуваат меѓу десет и 20 мг/км NOx. Овие вредности беа одредени во вистинскиот сообраќаен режим при мерење на RDE (Real Driving Emissions) од независниот британски експерт за тестирање и податоци, Emissions Analytics.

„Забележително е дека Touareg V8 TDI безбедно ги поткрепува граничните вредности на NOx во тестирањата, независно од маршрутата, надморската височина и индивидуалните услови за движење“, велат од Volkswagen.

„Овој позитивен резултат е можен, заедно со други нешта, преку мултуетапна соработка на обработени гасови со многу големо и високо квалитетно складирање на NOx и сложен SCR систем, кој го претвори NOx во водена пареа и азот со употреба на AdBlue.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK