Кои се најпродаваните брендови и модели во Европа во септември (ФОТО)

ОБЈАВЕНО НА:

Од JATO Dynamics ги објавија резултатите за продажба на новите автомобили во Европа во текот на септември и според нив во бизнисот се забележува раст од 14% до ниво од 1,28 милиони едиици.

Со исклучок на четири брендови, сите од Топ 25 забележуаат подобрување во продажбите во минатиот месец, со тоа што на прво место е Volkswagen кој забележува раст од 57,9% при што е реализирана продажба на 117.359 возила. Податоците на JATO покажуваат дека во септември втората позиција ја има Mercedes со 88.011 единици, а на 3. место е Ford со 86.198 продадени возила.

Во Топ 10 на најпродавани брендови влегуваат уште и Renault (84.648), Opel/Vauxhall (81.744), BMW (75.270), Peugeot (74.700), Toyota (65.449), Skoda (55.402) и Hyundai (51.486).

Кај моделите, порастот во побарувачката од 116% е забележана кај Volkswagen Golf со 32.398 продажби во септември. Во првата тројка се и: Opel Corsa (28.453) и Renault Clio (24.895).

Во Топ 10 на моделите исто така влегуваат и Mercedes A-Class (22.540), Ford Fiesta (22.236), Ford Focus (21.544), Nissan Qashqai (19.748), Toyota Taris (17.795), Citroen C3 (17.757) и Renault Captur (17.722).

Кај моделите, од JATO посебен акцент ставаат на претставувањето на пазарот на: Toyota Corolla, Volkswagen T-Cross, Citroen C5 Aircross, Skoda Scala, Seat Tarraco, Lexus UX и Mazda CX-30.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK