Кинезите при краш тест на возилата користат свињи и кучиња

ОБЈАВЕНО НА:

Во тест проверките за безбедност на новите автомобили во Кина се користат живи прасиња и големи кучиња место кукли со големина на деца. Ова го тврдат од Thе Sun, a според таблоидот од Велика Британија при симулациите за несреќи животните се стегнати со ремени и се судиираат во карпи со брзина од 50 км/ч, при што многу од нив загинуваат или остануаат осакатени.

Целта на кинеските истражувачи била да се открие што ќе се случи со детското тело при сообраќајна несреќа. Бранители на правата на животните на Западот биле потресени од жестокоста и настојувале дека човечката анатомија нема ништо заедничко со свинската.

Користењето на животни место кукли за краш тестови не е нова практика. До средината на минатиот век многу производители користеле човечки трупови при тестирањата.

Во 60-тите години на седиштата на автомобилите за време на тестирањата почнале да се поставуваат прасиња. Тоа продолжува доста долго, а според неофицијална информација последната свиња за тестирање во САД загинува при краш тест во 1993 година.