Кинезите им конкурираат на Boeing и Airbus со нов патнички авион

ОБЈАВЕНО НА:

Веќе има нарачки за 730 авиони за 27 клиенти, сите кинески.

Не само во автомобилскиот сектор, Кина сака да биде конкурентна и во другиот дел од сообраќајот и превозот на патници, па сериозно влегува и во бизниот со авиони. Произведениот во Кина патнички авион го изврши успешно својот прв лет на долга дистанца.
Авионот C919 полета од аеродромот Пудонг во Шангај и по речиси два и пол часа лет слета на 800 милји во тест базата Сиан Јанлијанг во провинцијата Шанкси. Авионот, кој може да превезе меѓу 158 и 168 патници на дистанца од 3400 милји, се смета за природен конкурент на најпопуларните патнички авиони Boeing 737 и Airbus A320, пренесува CNBC.

Во соопштението, производителот на авионот – државната корпорација Commercial Aircraft Corp of China Ltd (COMAC) објави дека летот ја “одбележува транзицијата кон испитувањето на летачките способности и сертификација на пловидбеноста”.

Иако се смета како кинески производ, моторите на авионот се француско-американски, додека навигација и комуникациски систем ги обезбедува американската фирма Rockwell Collins.

COMAC изјави во септември дека има нарачки за 730 авиони C919 од 27 клиенти. Сите клиенти се кинески, со исклучок на ирско-американската компанија GE Capital Aviation Services, која направила нарачка на 10 авиони со опција за купување на уште 10.

COMAC планира да произведе шест тест авионот, а вториот од нив се очекува да го направи својот прв лет до крајот на оваа година.
Во моментов авионот завршил вкупно шест полувања и во април европскиот регулатор за безбедност на воздушната пловидба се согласил да започне процесот на сертификација.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK