Kia Stonic и Picanto со специјални изведби

ОБЈАВЕНО НА:

Јужнокорејскиот производител Kia лансираше две специјални изведби од моделите Stonic и Picanto во Велика Британија именувани како Mixx и Wave, респективно.

Mixx изведбата на Stonic доаѓа со бисерно бела каросерија и портокалов покрив. Добива и дополнителни елементи во портокалова боја во внатрешноста каде доминира 7 инчниот инфотејмент, DAB радио системот, Apple CarPlay и Android Auto апликациите, задната камера, 17 инчните тркала и слично.

Со оваа изведба доаѓа 1.0 литарски T-GDi мотор со 116 КС, а цената на оваа изведба изнесува 18,200 фунти односно 20,135 евра.

Слични измени има и кај малиот градски автомобил Picanto. Wave изведбата од овој модел доаѓа со нов ентериер односно штоф на седиштата, стилизирани патосници. Останатата опрема доаѓа од стандардните изведби.

Оваа изведба на британскиот пазар веќе се продава по цена од 11,895 фунти односно 13,160 евра, а за оваа цена под хаубата добивате 1.0 литарски бензински мотор со 65 КС и пет степеа мануелна трансмисија.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK