Kia K7-луксуз на корејски начин

ОБЈАВЕНО НА:

Производителот на автомобили од Кореја, Kia објави неколку дизајнерски цртежи на освежената луксузна лимузина која на тамошниот пазар се продава под ознаката К7. Во други земји истото возило е познато под името Cadenza.

Рестилизирањето ги опфати новата маска на ладилникот, фаровите и браниците, а модернизиран е и изгледот на стоп светлата.

Внатрешноста на автомобилот исто така претрпе одредени стилски промени, вклучувајќи го и новиот дизајн на командната табла и централната конзола. На купувачите на располагање ќе им биде и нов, поголем екран на мултимедискиот систем, а редизајнирани се и вентилациските отвори и командите на клима уредот.

Засега не е познато дали и какви промени ќе претрпат погонските групи на оваа лимузина, а повеќе детали ќе бидат соопштени после премиерата на моделот K7/Cadenza за 2020 година.