Каучукот доби замена: Автомобилски гуми од гуајуле

ОБЈАВЕНО НА:

Производителот на гуми од Финска Nokian Tyres во една од своите области за развој почна со масовно производство на растението гуајуле. Се работи за потенцијална суровина за гуми со оглед на тоа што има многу елементи на каучукот.

Специјална екипа на Nokian работи засилено на негувањето и проучувањето, заедно со универзитетите од Шпанија и партнерите.

Идејата е гуајуле да се користи како можен извор за високо квалитетна природна гума. Плантажите се управувани од шпански фармери кои се добро запознаени со растението.

Гуајуле е растение кое расте во Мексико, но поради слична клима беше транспортирано и во Шпанија. Гумата која е извлечена од неа е извлечена од корените и дебелите гранки на растението.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK