Камионите на Tesla Semi со домет од 480 км. а за 5 секунди до 96 км/ч (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Одговорните лица во компанијата на Elon Musk кои се задолжени за новата Tesla Semi работат засилено на тестирањето на електричниот камион, а на видеото подолу можат да се видат прототипови кои се фотографирани на станицата за полнење.

Двете возила биле на првото патување со товар од Gigafactory 1 до Fremont plant, а поминале 212 километри во близина на Сакраменто. Информациите говорат дека ќе може да се поминуваат околу 480 километри со едно полнење.

Почетната цена за оваа верзија би требало да биде околу 150.000 долари, но се очекува да има уште дополнителни 30.000 долари со оглед на тоа што се подготвува камион кој ќе може да минува и до 800 километри.

Официјалните спецификации се навистина револуционерни бидејќи истите се пресметани со полн товар. Кога Tesla Semi не влече приколка може да развие од 0 до 96 км/ч за само 5 секунди, додека со приколка времето се зголемува до 20 секунди.

Возачите на камионите не се загрижени околу тоа колку брзо ќе се движи камионот и колку брзо ќе може да достигне до 100 км/ч. Загриженоста е во тоа што има малку места на кои камионите ќе можат да се полнат низ земјата.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK