Каква опрема ќе добие обновената Lada Niva?

ОБЈАВЕНО НА:

Култната Lada Niva се уште предизвикува внимание кај оние што сакаат доверлив СУВ, кој може да ве „извади“ од секаква ситуација. Експерти на брендот Lada работат засилено во неколку ветувачки насоки, за доработка на култниот руски СУВ.

Планот за модернизација на Niva е од порталот Lada Online, но не е познато дали раководството на АвтоВАЗ ќе се согласи со него и дали промените ќе станат факт. Објавените позиции се само предлози и нивното одобрување допрва претстои.

Дека предложените промени звучат комично и такви додатоци долго време се наоѓаат во сите други автомобили е сосема јасно за сите.

Планот за доработка вклучува и неколку интересни промени.

-Поергономска рачка на менувачот.

-Автоматско вклучување на бришачите при прскање на течност за бришачи на шофершајбната.

-Автоматско вклучување на мерачите при контакт.

-Потивок вентилатор за парното.

-Прилагодување на аглите во предните врати за интегрирање на звучниците во нив.

-Постојано снабдување со електрична енергија на багажникот (независно дали мерачите се вклучени).

-Замена на прскалките, течноста за прскање за бришачи+контрола на траекторијата на струјата.

-Интегрирање на филтер за полен за воздухот што доаѓа во кабината.

-Приклучокот 12V да работи и при исклучен контакт.

-Подметнувач за седиштето на возачот.

-Програмирани интервали за работата на бришачите.

-Бојата на подот на багажникот е истата, како што е и главната боја на автомобилот.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK