Како се уништува автомобилот вреден 145.900 евра за само неколку минути (ФОТО/ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Позлатен автомобил Lamborghini Gallardo изгоре само еден час откако го мина техничкиот преглед во дилерскиот центар на брендот во англискиот град Бирмингем.

Сопственикот на супер автомобилот, 22-годишниот бизнисмен Лак Сира, платил за посета на сервисот 11.663 евра, но на враќање кон дома почувствувал мирис на бензин во возилото.

За да се увери дека нема опасност од пожар, тој звонел во сервисот на компанијта. Оттаму го убедиле дека после прегледот било нормално да мириса лесно на гориво и дека сè е во најдобар ред.

Неколку минути подоцна се слушнал силен тресок и во возилото избувнал пламен. Сира и неговата девојка изглегле надвор и безпомошно набљудувале како огнот го уништува автомобилот вреден 145.900 евра за само неколку минути.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK