Како се краде Tesla Model S (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Сопственик на Tesla Model S од местото Епинг во Велика Британија објави снимка од безбедносните камери пред својот дом, кои снимиле кражба на електромобил. На записот се гледа како двајца мажи, „вооружени“ со таблет и смартфон, влегуваат во возилото, го отстрануваат уредот за следење и се возат непречени од никого во непозната насока.

Ентони Кенеди признава дека не активирал дополнителна заштита со внесување на PIN код која го штити возилото од неовластен пристап. Крадците го отвораат автомобилот со голема леснотија при скенирање на сигналот со далечински управувач, кој се наоѓа многу близу до влезната врата на куќата.

Одличното познавање на техниката на крадците се чини дека е само на полето на електрониката. Тие виделе доста проблеми, со оглед на тоа што не можеле брзо да го отстранат кабелот за полнење.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK