Како функционира дигиталниот клуч за новата Hyundai Sonata (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Само неколку недели по запознавањето со новиот систем „дигитален клуч“ од Hyundai веќе најавуваат дека првиот автомобил кој ќе биде опремен со новата технологија е новата генерација на Sonata.

Новата технологија на Hyundai му дава можност на сопственикот и на сите на кои тој им дал пристап преку мобилниот телефон да го отклучуваат автомобилот, да го стартуваат моторот и да управуваат со него без притоа да е потребно присуство на класичниот клуч за контакт со далечинско управување.

Иновацискиот систем на Hyundai користи NFC (Near Field Communication) технологија, која нуди многу високо ниво на безбедност и за функционирањето е неопходно растојанието меѓу мобилниоттелефон и автомобилот да биде само неколку сантиметри или дури и да бидат допрени. Благодарение на специјално изработената апликација, сопственикот има далечински пристап и до некои од системите на автомобилот, а тука се вклучени отклучување/заклучување на вратите, активирање на алармот и стартување на моторот.

Благодарение на неговата функционалност за споделување на дигиталниот клуч, сопственикот може да им даде пристап до возилото и на пријателите или членовите на семејството. Во исто време, сепак, тој останува во целосна контрола, па може да го ограничи користењето на автомобилот.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK