Како да си купите Porsche преку смартфон?

ОБЈАВЕНО НА:

Во последно време се појавуваат многу прашања околу тоа дали може да се купи автомобил со помош на паметен телефон. Прашањето е дали е едноставно да си купиш на пример Porsche со помош на смартфон?

Доколку имате пари и желба тогаш ова веќе работи благодарение на нов, дигитален канал за дистрибуција на производителот на спортски автомобили. На овој начин, веднаш можат да бидат купени нови или користени автомобили и тоа лесно и брзо.

„Ќе продолжиме да го шириме нашиот дигитален екосистем како целина, нудејќи не само возила туку и производи специфични за Porsche и услуги за мобилност низ целиот свет“, вели членот на Советот за продажби, Детлев фон Платен за новиот канал и неговото идно проширување.

И покрај целата дигитализација, не е можност уште да се купи возило без аналоген контакт. Легитимноста на клиентот и случувањето на финалниот договор ќе треба да продолжи во Porsche Center.  Тоа е првиот и неопходен услов кој го додаваат од Штутгарт.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK