Jeep Wrangler и Fiat Panda Cross победници на “4×4 of the Year”

ОБЈАВЕНО НА:

Две големи признанија од страна на магазинот “4X4“ за групацијата Fiat Chrysler Automobiles. На доделувањето на британските угледни награди “4×4 of the Year 2019 awards” за најзаслужни 4х4 возила, со посебни признанија се здобија возилата  Jeep Wrangler и Fiat Panda Cross.

Специjален состав на судии, експерти за возење по тешки терени имаа тешка задача да одлучат помеѓу способните off-road возила кои се појавија на пазарот изминатава година. Сепак, меѓу конкурентите видно се истакнаа двата модела на Fiat Chrysler Automobiles и тоа легендарните Jeep Wrangler и Fiat Panda Cross.

Новиот Wrangler, лансиран минатата година во септември ширум Европа, ги задржува своите способности на незапирлив владетел на терените и истовремено апсолутен протагонист во секојдневното возење низ град, благодарение на извонредното ниво на комфор, на автентичниот стил и на технолошката опременост со напредни решенија.

Крајниот резултат е Wrangler, најмоќен досега во теренското возење благодарение на: два напредни системи за погон на 4 тркала (Command-Trac и Rock-Trac), електрични блокирачи на диференцијалите Tru-Lock, диференцијал на ограничено пролизгување Trac-Lok и преден стабилизатор со електронско откачување. Гамата мотори на новиот Wrangler е збогатена со воведувањето на два важни новитети – еден турбодизел од 2,2 литри и еден трубобензинец од 2,0 литри. И двата нови мотори имаат прилагоден автоматски меувач со осум брзини, апсолутен новитет во гамата Wrangler Во однос на кросовер категоријата, втора година по ред наградата е доделена на неверојатната Fiat Panda Cross.

Покрај тешката конкуренција, судиите го пофалија токму овој кросовер за неговите мотори, off-road способностите и задоволството во возењето. Ова е само дел од долгата листа на достигнувања на Fiat Panda, вклучувајќи го и тоа што е првиот градски автомобил со 4WD технологија, првиот градски автомобил кој се искачи на надморска височина од 5.200 метри и кој стигнал до базниот камп на Еверест, како и првиот градски автомобил со природен гас во сериско производство.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK