Jaguar Land Rover помага против стресот или нервозата зад воланот (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Од Jaguar Land Rover работат на иновациски систем за зголемување на безбедноста и удобноста на возачот, а и на сите патници и други учесници во сообраќајот. Новата технологија на JLR е изградена околу работата на вештачката интелигенција, која го регистрира расположението на возачот и на база на тоа ја конфигурира внатрешноста на таков начин што да може да го смири возачот.

За работата на вештачката интелигенција има камера која е насочена кон лицето на возачот, која ги следи биометричките показатели и прави проценка на моментната ситуација.

При регистрирање на стрес или нервоза, системот е во состојба да конфигурира загревање, вентилација, климатизација, мултимедија и нијанси на ентериерот со системот за осветлувње и тоа на таков начин што возачот би се чуствувал поудобно и би се намалило нивото на стрес.

Од JAGUAR LAND ROVER споделуваат и дека компанијата прави тестови со сличен систем за патниците на задните седишта. Ако вештачката интерлигенција го регистрира заморот, таа е во состојба да даде команда за намалување на осветлувањето, затемнување на стаклата и зголемување на температурата за поедноставно заспивање на патниците.