Измислија ново возило – Ferrustang! (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Американската работилница American Legends успеа да спои два сосема различни света во автомобилизмот и на тој начин создаде преубаво возило под името Ferrustang.

Моторот Ferrari V8 го сместија во Mustang од 1968 година. Донатор на моторот беше Ferrari F430, кој според спецификациите дава 490 коњски сили и 465 Nm од 4.3 литарскиот атмосферски бензинец. Сепак, тоа очигледно не беше доволно па на тоа додадоа и twin turbo со вкупни 700 коњски сили.

Другите делови кои ги додадоа беа ауспухот од Ferrari California, 6-степен секвенцијален менувач, симнат кров за шест сантиметри… Навистина чудна комбинација.

Како изгледа овој автомобил создаден од две различни возила можете да погледнете во видеото во продолжение.