Италијанец создава FIAT 500 од мермер во оригинална големина

ОБЈАВЕНО НА:

Скулпторот од Италија, Назарено Биондо успеа да направи одлична работа и да создаде копија на класиката FIAT 500 во оригинална големина, а за да успее да го создаде ова дело искористи мермерен блок од 15 тона. Биондо ова свое дело сака да го посвети на борбата против прекумерното користење на природните богатства.

Биондо при изработката на ова дело користи само циркуларна пила и планира да биде готов за неколку месеци кога планира да го покаже мермерниот FIAT 500.

Порано Биондо успешно успеа да создаде друг италијански симбол, скутерот Vespa исто така од мермер.

Барањето на интересни материјали кои се користени за храбри идели во автомобилските проекти доведе до создавење на цела колекција на автомобили од дрво, копија на моделите Maserati, а тоа беше дело на компанијата Playsam од Шведска.
Тие успеаја да го „иделкаат“ дури и кросоверот Levante и концепцискиот модел Alfieri.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK