Истражување: Колку возачите на комбињата за доставa се загрозени во сообраќајот?

ОБЈАВЕНО НА:

Серијата на тестови кои ги направи Vokswagen Commercial Vehicles покажаа дека товарот со маса од 500 килограми го продолжува патот за застанување за 33 проценти кога брзината е 50 км/ч односно два метри. При кочење со брзина од 100 км/ч патот за кочење се продолжува за пет метри.

Vokswagen Commercial Vehicles во текот на целата 2018 година спровел истражување за загрозеноста на возачите на комбињата, за доставување на роба, во сообраќајот.

Тргнале од претпоставка дека возачите на камионите се прилично едуцирани и свесни за големите разлики во динамиката на возилата, прво во текот на кочењето, кај потполно празно, но и кај возило кое е натоварено. Од друга страна возачите на комбињата за доставувње на роба често немаат такви сознанија, а за управување со нив доволна им е возачка дозвола која ја покрива категоријата на автомобил.

Понатаму, фокусот на истражување бил насочен на возачите на комбињата за доставување на роба, кои пренесуваат товар до маса од 500 килограми. Нив ги сметаат за најзагрозена група на возачи на комерцијални возила бидејќи во голем дел од случаите се потценува влијанието на тој товар на динамиката на возење, па често возат со еднакво темпо како и кога комбито е празно.

Серијата на тестови кои ги направи Vokswagen Commercial Vehicles покажаа дека товарот со маса од 500 килограми го продолжува патот за застанување за 33 проценти кога брзината е 50 км/ч односно два метри. При кочење со брзина од 100 км/ч патот за кочење се продолжува за пет метри.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK