Им најдоа дефект на Yaris, Corolla, Avensis и Lexus SC430 – мораат на сервис

ОБЈАВЕНО НА:

Дури пет модели на Toyota ќе мораат да одат на дополнителен сервис за да се отстрани проблемот што е детектиран. Се работи за модели произведени во периодот од 2001 до 2014 година. На списокот на проблематични се Toyota Yaris потоа Corolla, Avensis, Avensis Verso и Lexus SC430.

За разлика од моделите на Toyota произведени во периодот од 2001 до 2014, кај Lexus проблемот што е детектиран е кај моделот SC430 и тоа оние возила произведени од 2001 до 2010 година.

Во образложението за потребата да се оди во сервис и да се поправи проблемот се вели:
„Генераторот на гас на воздушното перниче за патниците може да биде расипан. Ова може да резултира во неконтролирано надувување на перничето и ослободување на метални делови кога воздушното перниче се активира, предизвикувајќи повреда на патниците“.

Па ако имате вакво возило добро е да се информирате дали истото е во ризичките возила и дали ќе треба во овластениот сервис на Toyota да ви биде поправено возилото, се разбира на сметка на производителот.

Notification_A12_00376_20_en

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK