Иако уште не е претставен! Volvo тврди дека XC40 ќе биде најпродаван модел

ОБЈАВЕНО НА:

Треба да биде претставен на јавноста до крајот на годината во СУВ сегментот, а уште сега Volvo тврди дека моделот XC40 ќе биде нивниот најпродавано возило. Тој возило треба да биде конкуренција на Mercedes Benz GLA, Audi Q3 и BMW X1.

XC40 доаѓа во сегментот што е многу популарен и на него во моментов отпаѓа една четвртина од вкупната продажба. Volvo нема конкурент во овој сегмент на СУВ возила каде што треба да дојде XC40, но има голем потенцијал и со оглед на досегашното искуство и знаење на шведската компанија сигурно е дека навистина ќе понуди „најдобро на пазарот“.

Новиот модел што треба да дојде ќе биде на новата CMA платформа, што веќе ја имаше претставено во Lynk & Co 01 SUV, и ќе се користи во сите модели од серија 40.
Во однос на моторите се тврди дека XC40 ќе дебитира со нов 1.5 литарски три цилиндричен мотор и ќе има и неколку бензински и дизелски мотори со турбо полначи. Плаг ин хибридот се очекува ја се приклучи наскоро по промоцијата.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK