И „најдобрите“ имаат дефекти: Многу Lexus возила мораат веднаш да се јават на сервис

ОБЈАВЕНО НА:

Во многу истражувања моделите на Lexus се покажуваат како најдоверливи, со најмалку дефекти од бројот на разгледни испитаници. Oва особено се однесува на аналитичката агeнција J.D. Power која секогаш го фали овој бренд по направените анализи и статистики со бројни сопственици.

Но, и на „најдобрите“ им се случува да им најдат дефект. Така беше и неодамна кога неколку модели на Toyota и еден на Lexus беа повикани на дополнителн сервис поради проблеми со воздушните перничиња. Сега стигнува нов повик за неколку модели на Lexus.

Во објаснувањето се вели дека „Поради производствен дефект, може да се појави површинско кршење на работното коло на пумпата за гориво под низок притисок. Како резултат на тоа, работното коло може да се деформира, предизвикувајќи пумпата за гориво да не работи, а моторот да застојува, зголемувајќи го ризикот од несреќа“.

Со повикот за дополнителен сервис се опфатени моделите Lexus RX350 / 450H и RX350L / 450 кои се погодени од ова повлекување и се опремени со пумпа за гориво со низок притисок, сместена во резервоарот за гориво и се произведени помеѓу 2 септември 2013 година па се до 11 мај 2019 година.

Истото се однесува и за моделите LExus LS500 / LS500h / LS600h произведени од 2 септември 2013 до 11 мај 2019 година. На сервис се повикуваат и модлеите Lexus LC500 / LC500h произведени пред 11 мај 2019 година.

Ако сте сопственик на некое од овие возила, досега сигурно од овлстениот сервис на Lexus ве контактирале. Доколку не сте добиле известување најдобро е самите да го посетите и да побарате поправка на дефектот. Се разбира ќе треба и бесплатно тоа да го сторат.

Notification_A12_00414_20_en

Следете не и на:

24AUTO NETWORK