Hyundai и Kia со идеја за мини кросовери во Европа

ОБЈАВЕНО НА:

Производителите на автомобили од Јужна Кореја, Hyundai и KIA го анализираат прашањето за додавање на два мали кросовери кон понудата на модели за во Европа, кои ќе бидат позиционирани соодветно под моделите Kona и Stonic.

Оваа идеја беше презентирана од Емилие Ерера, кој е главен оперативен директор на KIA Europe. Тој изјави дека компанијата планира развој на помал модел од Stonic и дека лично многу би сакал да види такво возило. Ерера посочи дека засега нема јасен план за реализирање на оваа идеја.

Оперативниот директор на Hyundai, Томас Шмид го дели размислувањето на својот колега од концернот. Тој исто така посочува дека многу корисници преминуваат од мали возила кон кросовери. Според Шмид станува збор за развој на мал кросовер со преден погон бидејќи во тој сегмент, според него нема потреба од автомобил со погон на четири тркала.

Во иднина оваа тенденција може да донесе до создавање на нов кросовер сегмент од основно ниво со должина на каросеријата до четири метри. Сега на тој пазар има само еден модел, Suzuki Jimmy, кој е со рамна конструкција и погон на четири тркала, што го прави повеќе не толку голем СУВ отколку градски кросовер.

Во крајна сметка, мини кросоверите на двете компании од Јужна Кореја можат дури и да ги заменат малите градски автомобили, Останува да се види дали навистина тие ќе бидат пуштени на пазарот и ако тоа се случи дали ќе го заменат Hyundai i10 и KIA Picanto или ќе се произведуваат истовремено со нив.