Хрватска ќе биде преплавена со радари и камери

ОБЈАВЕНО НА:

Земјите од регионот, полека, но сигурно ќе го снимаат секое ваше движење на автопатиштата, а особено прекршоците за кои добиете соодветна казна.

Откако Србија објави дека од овој месец ќе започне со поставување на нови, додатни камери, и во Хрватска поставени се, а и најавени се нови, додатни камери.

Во наредниот период, како што соопштуваат хрватските медиуми, ќе бидат поставени нови 59 фиксни камери со кои ќе се снима брзината на движење како и 76 рачни и 32 стационарни уреди за мерење на брзината на движење на возилата.

Тука не застанува хрватската полиција. Следната година ќе се набават 16 нови камери како и 24 рачни и 18 стационарни уреди за мерење на брзината.

Со камерите, покрај мерењето на брзината ќе се снимаат и казнуваат и оние кои користат мобилен уред додека возат, не користат сигурносни појаси, возат без вклучени светла или направиле некој друг сообраќаен прекршок.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK