Honda почна со продажбите на новиот мини модел

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата Honda стартуваше со продажбите на целосно новиот компактен модел N-One во Јапонија на крајот од минатата недела.

Развиен со идејата да понуди што е можбо поудобно опкружување на патот надвор од дома, Honda N-One се одликува со минималистички надворешен дизајн, со отсечени и вертикални линии, кои се претпоставка и за поголемиот од очигледното внатрешен простор.

N-One стандардно е опремен со високотехнолошки систем за зголемување на активната бебедност Honda Sensing и шестстепен рачен менувач, кој ќе може да работи интегрирана адаптивна круз контрола и систем за задржување на возилото во лентата на автопатот.

Во опремата на Honda N-One, за која компанијата планира месечна реализација од 2000 единици, исто така се вклучени и паркинг асистент, систем за помош при спуштање, автоматски фарови, систем за препознавање на сообраќајни знаци и други.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK