Hоndа го покажа уникатниот S2000

ОБЈАВЕНО НА:

Годинава S2000 ќе го прослави својот 20. роденден и по тој повод почитувачите на овој автомобил се собраа на пистата Twin Ring Mоtеgi. За да ги израдуваат сите нив од Honda одлучија од складовите да ја извадат најнеобичната верзија на моделот.

Изложбениот автомобил има целосно транспарентна каросерија, низ која може да биде виден секој детаљ од механиката. Создаден е специјално за дебито во 1999 година.

Возбудливиот S2000 не е само експонат на шоуто, туку е целосно функционално возило. Се разликува од сериската верзија единствено по панелите на купето.

Hоndа избегнува да го покаже уникатот за да не ризикува да биде оштетен. Покрај тоа чистењето е доста потешко отколку кај „нормален“ автомобил. S2000 e создаен за јубилејот на компанијата и во моментов се претвора во класика. Минатата година примерок со поминати едвај 146 километри беше продаден на аукција за 50.000 долари.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK