Големи планови на FCA: По 80.000 електрични возила Fiat 500 годишно

ОБЈАВЕНО НА:

Автомобилскиот гигант Fiat Chrysler Automobiles објави дека фабриката на компанијата во Мирафиори ќе добие инвестиција во размер од 700 милиони евра, кои ќе бидат користени за почетокот на проектот за масовно пазарно лансирање на целосно електричниот Fiat 500.

После повеќе од 35 модели и 28.700.000 направени автомобила, комплексот Мирафиори во Торино, во текот на оваа година полни 70 години и е најголемиот објект на FCA во светот. Ќе добие целосно нова производствена линија, на која годишно ќе се произведуват по 80.000 автомобили од Fiat 500 Electric. Првите сериски претставници се очекува да бидат готови во текот на втората половина на следната година.

Новата производствена линија, чија изградба е веќе почната и која доаѓа со можност за зголемување на капацитетот е наменета за производство на електромобили, а Fiat 500 Electric е првиот автомобил од нив. Линијата ќе биде опремена со 200 роботи за целосно автоматизиран процес, а првите претпроизводствени бројки на електричниот автомобил ќе бидат направени пред крајот на годината.

Во моментов во Мирафиори работат околу 20.000 лица, а во овие бројки се вклучени и ра отниците во комплексот, инженерите и дизајн тимовите, маркетинг оддлението и други.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK