Големи планови: Jееp станува најеколошкиот СУВ бренд!

ОБЈАВЕНО НА:

Плановите на Jeep за електрична офанзива не се ништо ново. Компанијата претстави два plug in хибриди во 2019 година и тоа: Rеnеgаdе и Соmpаss, како и еден годинава – Wrаnglеr. Тоа придонесува кон целта на Jeep, да стане најеколошкиот производител на СУВ на планетата, а шефот на компанијата Кристијан Мионер ги потврди овие амбиции. Тој вели дека планира да изврши електрифицирање на сите офроуд модели.

Мионер вели дека Jeep сака да стане „најзелениот“производител на СУВ во светот. Тоа е храбра амбиција, која може да има значителни придобивки дури и за офроуд ентузијастите. Сепак, менаџерот признава дека овој процес на целосна електрификација ќе биде тежок, но возбулив.

Според публикацијата во моментов plug in хибридите Rеnеgаdе, Соmpаss и Wrаnglеr се подложени на тестови на студено време. Овој вид превозни средства имаат неколку предности особено во Европа и Кина каде што регулативата за штетни емисии станува сè построга. Тие дозволуваат целосно електрично изминување на околу 51 километар одделувајќи нула емисии на штетни материи.

Додавањето на акумулаторите кон моделите на Jeep имаат и други плусови. Можноста за обезбедување на незаборавен вртежен момент на офроуд СУВ исто така е импресивна. Покрај тоа, нема да треба да се слуша бучен мотор додека се вози низ природата. Друга предност може да биде користењето на акумулаторите за снабдување со електрична опрема како што е опрема за кампување или различни видови на светилки.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK