Го ископираа Mercedes-Benz G и направија електромобил за 4.000 долари

ОБЈАВЕНО НА:

Кинезите уште еднаш покажаа дека се вистински мајстори за правењето на копии на познатите модели од светските марки. Последната ваква копија е направена од компанијата Qifeng Auto, но и покрај тоа е поразличен помал градски електромобил со ознаката К7. Инаку, однадвор наликува на стариот Mercedes-Benz G-Class.

Qifeng Auto K7 е во класата на автомобили со мала брзина и е доста популарен во империјата. Машината е со многу компактни размери од 3290 х 1482 х 1614 мм, а со копирањето на цртите на Mercedes излгеда доста забавно. Предната хауба е речиси идентична, додека трепкачите монтирани на браниците се повторуваат со тие од германското возило.

Можностите за класично СУВ возило се гледаат и во ентериерот, како што е на пример контролната табла. Qifeng K7 има и интересни функции – слотови SD, USB, AUX, има и GPS и Wi-Fi, а мултимедискиот систем може да репродуцира како аудио така и видео.

Моторот на K7 е елекричен со моќност од 5,3 или 6,7 к.с., додека акумулаторите се со 60V или 72V. Според производителот максималната брзина на автомобилот е 50 км/ч, а со едно полнење на акумулаторот може да помине до 170 километри. Цената на возилото е околу 4000 долара.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK