Германците во дилема: Дали да се објавуваат вистинските податоци за потрошувачката

ОБЈАВЕНО НА:

Откако француска PSA ги објави податоците на реалната потрошувачка на нивните возила, за нешто слично почнуваат да размислуваат и германските автомобилски производители. Во рамките на нивното здружение VDA се разговара дали и тие да ги објават реалните податоци за потрошувачката на гориво на нивните возила, и на тој начин да ја вратат довербата на купувачите.

Во март PSA објави публикација во која имаше податоци за реалната потрошувачка на гориво на сите нивни модели, и околу 1.000 возила биле тестирани од брендовите на Peugeot, Citroen и DS.
Oд VW веќе стигна потврда дека навистина се зборува на оваа тема меѓу производителите и дека наскоро се очекува да се постигне заедничко решение.

Според податоците што ги објави PSA во многу случаеви потрошувачката била и за 40 отсто повисока од она што било декларирано според NEDC.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK