Германија ќе ги забранува и старите бензински возила

ОБЈАВЕНО НА:

Откако на удар првично се најдоа возилата со дизелски мотори во Германија и повеќе градови најавија или почнаа да ги применуваат мерките со кои им се забранува влезот и движењето во градовите сега се најавува нова тура на забрани. Овојпат цел се старите бензински мотори што исто така ја загадуваат околината.

Околу 2,1 милиони стари бензински автомобили во Германија се соочуваат со ограничувања на нивниот пристап до различни области во метрополите, пишува AutoBild.

Станува збор за автомобили, кои ги исполнуваат стандардите Euro 1 и Euro 2 и такви кои не ги покриваат ниту еден од двата стандардот. Најстрогите се очекуваат да се ограничувањата во Франкфурт, каде ќе влијаат и на бензински автомобили кои се со стандард Euro 3.

Дискусија на темата почна и DEUVET – Федерално друштво на клубовите за класични автомобили, што го објави својот став во врска со евентуалната забрана во Франкфурт на автомобили со Euro 3, која може да се пренесе и во други градови.

Некои од мотивите на организацијата е да се објасни дека ваквата забрана би се одразиле на цените на овие автомобили, кои можат да бидат укинати пред да го добијат статусот на олдтајмери или класични автомобили.

Ограничувањата на постарите бензински автомобили се мотивирани од сериозното количество азотни оксиди, кои ги испуштаат овие автомобили. На пример, бензински автомобил што е со стандардот Euro 1 исфрла над 600 милиграми NOx на километар, што е еквивалентно на количеството при Euro 4 кај дизел.

Според магазинот дури и да се ставаат катализатори на автомобилите од Euro 1 нема да им помогне, бидејќи така не нема да достигнат барањата дури и на Euro 2.

Меѓу проблематичните модели спаѓаат Mercedes W124, BMW 3 Серија (Е36), Porsche 964, VW Golf VR6 и др.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK