Франција се повлекува, го намалува уделот во Renault

ОБЈАВЕНО НА:

Најпознатиот производител на автомобили од Франција, Renault може да остане без помош на државата со оглед на тоа што се планира намалување на нивниот дел. Франција планира да даде поголема поддршка на алијансата со јапонската холдинг компанија Nissan. Ова стана познато после изјавата на министерот за финансии на Франција, Бруно Ле Мер.

Владата на Франција поседува 15,01 % од акциите на Renault. Според Ле Мер, намалувањето на овој дел нема да биде проблем за Париз ако тоа придонесе за создавање на посилен сојуз со Nissan и за поддршка на автомобилскиот сектор на Франција.

Пред неколку дена стана познато дека француската Влада побара одлагање за гласањето за приклучување на Renault во автомобилскиот концерн Fiat Chrysler Automobiles. Како резултат на тоа, Советот на директорите на Renault, следејќи ги резултатите од многучасовната седница, не можеше да донесе одлука за спојувањето.

Подоцна Fiat Chrysler го повлече предлогот за спојување и го обвини Париз за нарушување на договорот. Според Ле Мер, Renault треба да ја консолидира алијансата со Nissan, пред да договара други сојузи.