Франција, Холандија и Италија вршат притисок за стопирање на дизелите

ОБЈАВЕНО НА:

Властите во неколку европски држави им препорачаа на производителите на автомобили да се откажат од користење на дизел мотори во своите модели поради високите нивоа на емисии на штетни гасови.

Оваа информација ја објавуваат медиумите во Германија, а се вели дека тие имаат информации кои потврдуваат дека во Франција е откриен проблем со Nissan Juke (на фотографијата), како и со два модели на Renault – Captur и Kadjar. Во исто време во Холандија, властите побарале од пазарот да биде повлечен еден модел на Suzuki,  додека во Италија се обидуваат да им зададат ограничувања на Fiat 500X.

Претставниците на Fiat, Renault, Nissan и Suzuki засега одбиваат да дадат коментар околу случувањата, но тоа е следниот чекор на властите во Европската унија за ограничување или целосна забрана на автомобилите со дизел мотори. Само пред еден месец Министерството за транспорт на Германија му нареди на Оpel да повлече во сервис центрите 100.000 возила, за кои е докажано дека исфрлаат повисоки вредности на емисии на штетни гасови од дозволеното.

Проблемите со вредноста на емисиите на штетни гасови на дизел моторите веќе ги натераа четирите јапонски производители да објават откажување на продажбата на таквите возила во Европа. Етапно тоа ќе го направат Mitsubishi, Suzuki, Nissan и Toyota, а кон нив во 2021 година ќе се приклучи и Honda.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK