Ford го оживува BRONCO како посебен бренд (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата Ford откри нови детали за целосно новата генерација Bronco, која ќе дебитира на интересен и иновациски начин само за неколку дена, како што беше објавено. Легендата ќе се прероди не само како модел, туку и како одделен бренд.

Новото Bronco ќе биде претставено во три основни верзии на купето  – со две и со четири врати, како и во покомпактна верзија Bronco Sport.

Феновите ќе имаат можност да дојдат до квалитетите на автомобилите во специјално развиениот тематски парк Off-Roadeo на четири одделни локации во САД, како и да станат членови во тематски социјалната заедница, Bronco Nation.

Новото Bronco, кое ќе може да биде резервирано само за 100 американски долари до 13 јули на сајтот www.ford.com, требаше да биде претставено за време на новиот формат на саемот во Детроит во јуни.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK