Електромобилите оставаат 90.000 лица без работа

ОБЈАВЕНО НА:

Во текот на 2030 година во Европа околу 90.000 лица ќе останат без работа поради порастот на производството на електрични возила и соодветно поради намалувањето на производството на конвенционални автомобили со мотори со внатрешно согорување.

Податоците на Институтот за индустриско инженерство во Штутгарт објаснуваат дека на почетокот најмногу работници ќе бидат отпуштени во Volkswagen. Дел од ниве ќе бидат отпуштен и поради поедноставувањето на проиводствениот процес при изработка на електричните возила кои ќе се состојат од значително помала количина на јазли и агрегати.

Во Volkswagen има 29.000 лица од кои 11.000 ќе треба да бидат отпуштени. Има веќе потпишан договор според кој уште во текот на следната година низ Германија ќе бидат отпуштени околу 23.000 лица само во фабриките за автомобили во земјата.

Уште полоша ќе биде ситуацијата во компанијата Bosch, каде што 50.000 вбработени се занимаваат со изработка на делови за дизел автомобили. Во другите компании и фабрики во Европа ситуацијата е слична и отпуштањата се неизбежни.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK