Електричните камиони поевтини од дизелските – дури во 2028 година

ОБЈАВЕНО НА:

Смалувањето на цените на технологијата и појавата на ограничени урбани подрачја ќе направат електричните возила на батерии да станат сè попопуларни. Меѓутоа, електричните камиони нема да станат поевтини од дизел пред 2028 година. Тоа е резултат на студијата која ING ја спроведе за холандскиот пазар.

Патниот превоз во Холандија поминува низ драстична транзиција. Од 2025 година 30 до 40 урбани подрачја ќе станат регии со нулта емисија на штетни гласови, идеални за електрични камиони. Иако цената ќе им паѓа, за многу фирми електричните камиони ќе станат финансиски попривлечни дури после 2028 година. Поради подрачјата без емисија на штетни гасови, се очекува дека еден од четири нови камиони купени во 2030 година ќе биде електричен.

После автомобилите и автобусите, камионите исто така влегоа во ерата на електрификација. Неколку европски произведувачи во моментов тестират тешки електрични камиони со батерии, а од 2021 година овие модели на пазарот ќе се најдат во поголем број.

Со мала маржа во патничкиот сообраќај, операторите се насочуваат кон економичност. Во моментов електричните камиони 3,5 пати се поскапи од дизел камионите, а на тоа се додава и трошок за инфраструктурате за полнење. Од друга страна, трошоците за одржување на електрични возила се многу пониски. Иако цените на електричните камиони значително ќе паднат, во 2028 година нивната цена, дури и од субцензии, ќе станат финансиски попривлечни со најмалку 60.000 прејдени километри годишно.

За годишната километража од 100.000 километри електричните камиони ќе бидат поевтини од дизел возилата во 2025 година. Меѓутоа, тешката километража за некои возила кои главно се користат на кратки растојанија и со домет од 100-200 километри со полно оптоварување.

Одлучувачкиот фактор би можел да биде влез на произведувачот како Nikola и Tesla на европскиот пазар. Американските компании би можеле да доведат до ниски цени на електричните камиони. Во овој случај, електричните камиони би можеле да станат попривлечни.

Иако продажбата на електричните камиони прво беше мала, тие ќе експлодираат во следната деценија. Појава на подрачјата со нулта емисија ќе ја зголеми побарувачката на електричните камиони после 2025 година. ING проценва дека во Холандија до 2030 година околу 25 проценти од продадените нови камиони ќе бидат електрични.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK