Електричните автомобили штетат повеќе на климата отколку дизелите!

ОБЈАВЕНО НА:

Електричните автомобили имаат поголемо негативно влијание врз климата отколку оние со дизелски мотор, покажува една германска студија. Кристоф Бухал, редовен професор, заедно со неговите колеги Дитер Карл и Ханс Син во рамките на Институтот за економско истражување ја спроведоа опширната студија преку која дојдоа до тој заклучок.

Според студијата, електричните автомобили имаат негативно влијание од 11 до 28 проценти повеќе во однос на дизел автомобилите. Овие проценти произлегуваат од самиот факт што многу енергија се користи за обновување и процесирање на литиумот, кобалтот и манганот кои се користат при производството на батериите.

При тоа во студијата се наведува дека моделот 3 односно батеријата за овој модел продуцира од 11 до 15 тони јаглерод диоксид што е многу повеќе од негативното влијание што еден дизел автомобил го има врз околината.

Инаку ова не е и прв пат во Германија да се објави студија во која се наведуваат лошите страни на електричните автомобили. Во оваа земја постојат и лоби групи кои имаат за цел да тргнат бројните забрани во оваа земја за дизел возилата.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK