Екстремни тестови на електричниот Rimac C Two (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Во процесот на хомологација на C Two, Rimac го тестира автомобилот во климатизирана соба, која ги симулира условите со температури од -28 до 48 степени, со разни варијации од 70 степени, како и различни варијации на влажноста на воздухот.

Производителот на супер спортските модели со електричен погон, Rimac дистрибуираше интересно видео, со чија помош не запознава во делот од тест програмата на целосно новиот модел C Two.

Во видеото, од Rimac даваат можност да се види како екипата на компанијата го тестира електромобилот во екстремни услови, без автомобилот да излезе од лабораторијата.

Во процесот на хомологација на C Two, Rimac го тестира автомобилот во климатизирана соба, која ги симулира условите со температури од -28 до 48 степени, со разни варијации од 70 степени, како и различни варијации на влажноста на воздухот.

За време на тестовите, екипата на Rimac ги проверила реалните климатски услови за работа на компресорите, пумпите, вентилаторите и друго. За време на истражувањето, стигнале и до такви крајности како проверка на базата, а во тоа е вклучена и ентериерот со отворени врати, преку цела ноќ при симулирана температура од -28 степени, што довело до замрзнување на сите површни на електричниот автомобил.

Сериската верзија на Rimac C_Two треба да се појави официјално во текот на оваа година.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK