Експерт со совет за компаниите: Правете возила кои не се многу квалитетни!

ОБЈАВЕНО НА:

Високиот квалитет и сигрноста се на пат да ја униптат автомобилската индустрија, а ова го вели Мајк Редерфорд, кој е експерт на списанието од Англија, Auto Express. Според него современите автомобили се толку добро проектирани и изработени што сопствениците ги возат премногу долго, а тоа и штети на продажбата.

Според зборовите на Редерфорд автомобилите кои се произведени во моментов беспрекорно поминуваат по 100.000 милји (околу 160.000 километри) и сопствениците продолжуваат да ги возат место да купуваат нови инвестирајќи само во одржување. Ова доведе до загуби за компаниите кои следеле погрешна стратегија, кога се обиделе да заработат од резервни делови, а не од продажба на нови автомобили.

Редерфорд тврди дека просечната возраст на автомобилскиот парк во Велика Британија на почетокот на новиот век била само 6,5 години, а сега веќе достигнала 8 години. Средната возраст на автомобили во Европската унија е зголемена до 11,1 години, а во САД до 11,8 години.

Традиционалниот бизнис модел на автомобилските гиганти вклучува создавање на автомобили прилагодени на потребите за потрошувачите во различните региони со просечен животен век до 10 години. Сепак, просечната возраст на автопаркот веќе ја има надминато деценијата.

Според Редерфорд производителите можат да гарантираат заработувачка единствено предку намалување на квалитетот. На тој начин цените че паднат и би требало да се нудат толку евтини и привлечни модели што дури и најштедливите сопственици на стари автомобили би се нашле во искушение од нив. Експертот ја дава за пример Dacia и ги предупредува компаниите дека ако не ја следат истата стратегија ќе имаат проблеми.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK