Една земја во Азија се откажува од мотори со внатрешно согорување

ОБЈАВЕНО НА:

Според податоците кои доаѓаат од Азија, Јужна Кореја ќе стане првата земја од овој континент која ќе се откаже од моторите со внатрешно согорување. Точно тоа е она што го ветува управувачката демократска партија, но само во ситуација доколку ги добие изборите.

Истите беа одржани пред неколку денови, а партијата успеа да победи и притоа доби огромно мнозинство во парламентот и може да преземе практично секакви решенија.

Според ветувањата на Тобуро, во 2050 година автомобилите со мотори со внатрешно согорување нема да се движат на патиштат во Кореја. До 2029 година во земјата нема да има електроцентрали, кои работат на јаглен (сега тие произведуваат 40% од енергијата).

Во текот на оваа година властите во Јужна Кореја планираат да пуштат целосно електрични такси возила по локалните патишта, а компаниите ќе добијат субвенции за купување на такви возила (приближно 14.900 долари за секој автомобил). Субвенциите ќе важат за секакви електромобили, не само за корејските.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK