Две награди за Peugeot за „Најубав“

ОБЈАВЕНО НА:

Брендот Peugeot доби две нови награди на 34-тиот Меѓународен фестивал за автомобили што се одржа на 29 јануари 2019 година во во Париз.

Новиот PEUGEOT 508 ја освои наградата Grand Prix за најубав автомобил за 2018 година, а PEUGEOT e-LEGEND Concept ја доби наградата Grand Prix за најубав концепт автомобил на годината.

Овие две награди им беа врачени на Жан-Филип Импарато како извршен директор на брендот PEUGEOT и Жил Видал како директор за дизајн.

Новиот PEUGEOT 508 ја доби наградата со повеќе од 34% од гласовите. Оваа радикална лимузина е нарачана во повеќе од 10.000 примероци во Европа уште од самото лансирање во октомври 2018 година и тоа пред јавното претставување кое беше во март 2018 година во Женева.

PEUGEOT e-LEGEND Concept ја освои наградата за „Најубав концепт на автмобил за 2018 година“ Членовите на жирито кои се екперти и ентузијасти од различни сектори како: автомобилизам, архитектура, мода и дизајн беа воодушевени од овој концепт, кој всушност ја претставува возбудливата визија за иднината на 100% автономен, електричен, поврзан и прилагодлив автомобил кој е во согласност со стандардите на Брендот Peugeot.

Секоја година Меѓународниот фестивал за автомобили ги наградува најатрактивните дизајни на автомобили. Архитектот Жан-Мишел Вилмот и модниот дизајнер Шантал Томас го предводеа жирито кое беше составено од експерти од секторите за автомобилизам, мода, култура и дизајн.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK