До крајот на годината, премиера на Tiguan Coupe

ОБЈАВЕНО НА:

Компактното СУВ на Volkswagen oткако доби верзија со седум седишта, ќе добие уште една модификација за која се зборува веќе неколку месеци. Tiguan Coupe ќе биде претставен во втората половина на 2018 година иако уште нема податоци за тестирањата кои и понатаму успешно се држат далеку од папараците.

Модификацијата на Tiguan со закосен кров ќе биде строго со пет седишта и ќе нуди помал простор на задните седишта додека обемот на багажникот со сигурност ќе се намали. Во Волфсбург се убедени дека купувачи за ваков кросовер нема да недостигаат.

Основниот Tiguan Coupe најверојатно ќе се прелага само со предно задвижување и шестстепен рачен менувач.

На друга страна ќе биде верзијата R со 310 коњски сили и 400 Нм, кои ќе имаат придвижување на сите четири тркала со седумстепен DSG менувач. Tiguan Coupe R ќе може да се мери со Golf R Variant, кој забрзува од 0 до 100 км/ч за 4.8 секунди.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK