Дизајн од Pininfаrinа за првиот турски електромобил

ОБЈАВЕНО НА:

Првиот електромобил развиен во Турција ќе биде СУВ со дизајн од прочуеното италијанско ателје, Pininfаrinа. Прототипот на кросоверот е биде претставен за неколку денови на специјална церемонија во местото Гебзе во близина на Коџаели и тоа ќе го направи лично Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, кој ќе ќе го мине со него мостот „Осман Гази“.

Проектот за турски електромобил ќе биде дело на Аutоmоbilе Jоint Vеnturе Grоup – здружение на пет од најголемите индрустријалци во Турција. За електричното СУВ сè уште не се знае ништо освен дека може да се полни за околу 10 часа во домашни услови и за 30 минути на брз терминал.

„Работиме над системот, кој целосно ја елиминира потребата од навигација во автомобилот. Возилото користи технологија со збогатена реалност, каква во моментов не се употребува. Ако успееме навреме ќе ја примениме во првиот модел, а ако не ќе ја користиме за идните возила“, вели извршниот директор на Аutоmоbilе Jоint Vеnturе Grоup, Гурјан Каракаш.

Според планот производството на првиот сериски турски електромобил треба да стартува во 2021 година, а продажбите ќе почнат во 2022 година. Аutоmоbilе Jоint Vеnturе Grоup има амбиција во својата понуда до 2030 година да располага со пет модели.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK